Д-р Даниловски: „Рестрикциите поради Ковид-19 се нужно зло“

Точка

08/03/2021

23:13

3.413

Големина на фонт

а а а

„Во ситуација кога е загрозен највисокиот општествен интерес, народното здравје, на државата ѝ стојат на располагање мерки на принуда“, вели епидемиологот Драган Даниловски по најавите за воведување нов полициски час, пренесува „Дојче веле“.

„Тие се 'нужно зло'! Но, потребни се за да не се пречекори капацитетот на болничките установи, да не колабира системот“, изјавил за „Дојче веле“ Даниловски.

Епидемиологот и универзитетски професор смета дека сите што живееме во организирани општествени заедници, колективитети, мора да знаеме кога треба да го отстапиме својот индивидуален суверенитет во полза на општиот интерес, народното здравје.

„За жал, секогаш постои едно малцинство (или мнозинство) граѓани кои тврдоглаво манифестираат егоизам, отсуство на емпатија 'за својот ближен'. Тој егоизам директно ја компромитира целта на државата за зачувување на јавниот интерес, јавното здравје. Така, станува залудно одговорното однесување на оној друг сегмент граѓани“, вели д-р Даниловски, пренесува „Дојче веле“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг