"Burger King" шокирале на 8-ми март: Местото на жените им е во кујна

Точка

08/03/2021

15:51

3.886

Големина на фонт

а а а

Ланецот ресторани за брза храна "Burger King" ја шокирал јавноста со објавата на Твитер дека "местото на жените им е во кујната" и тоа за 8-ми март.

По бурните реакции уследиле твитови за објаснување од страна на ланецот за брза храна.

"Ако сакаат, секако. Сепак, само 20 проценти од готвачите се жени. Ние сме во мисија да го промениме односот на половите во угостителската индустрија, зголемувајќи ја можноста на жените да ја продолжат кулинарската кариера - се наведува во следната објава.

"Горди сме што започнуваме нова програма за стипендирање која ќе им помогне на вработените во "Burger King" да ги остварат своите кулинарски сништа", се наведува во пораката.

Уследиле коментари дека станува збор за лоша реклама, и дека било неопходно се да се истакне во првата објава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг