Кој е францускиот милијардер кој загинал во пад на хеликоптер?

Точка

08/03/2021

13:55

2.304

Големина на фонт

а а а

Францускиот милијардер и пратеник Оливие Дасо, еден од наследниците на компанијата Дасо (Dassault), која произведува борбени авиони, загинал во пад на хеликоптер во близина на Довил на северозападот на земјата.

69-годишниот Оливие Дасо бил најстар син на покојниот индустријалец Серж Дасо, чија компанија ги произведува авионите "Falcon", "Mirage" и "Rafale", а го поседува и весникот "Le Figaro".

Се проценува дека Дасо бил "тежок" околу шест милијарди евра, пари кои во главно ги наследил од својот татко.


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, на Твитер му оддал почит на пратеникот на десничарската партија "Републиканци".

"Оливие Дасо ја сакаше Франција. Предводник на индустријата, пратеник, локален избран службеник, командант на резервното воздухопловство: во текот на својот живот никогаш не престана да и служи на нашата земја, да го цени нејзиниот имот", напишал Макрон на Твитер.

Извори блиски на истрагата рекле дека несреќата која се случила во неделата во околу 18:00 часот во близина на Довил загинал и пилотот на хеликоптерот. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг