Обвинетите поранешни "Алфи" сведочеа за "Тортура": "Началникот на СВР Скопје ми даде наредба за приведување на Бошковски"

Точка

08/03/2021

12:26

3.615

Големина на фонт

а а а

Судењето за случајот "Тортура" продолжи денеска со сослушување на обвинетиот Ивица Анчевски, поранешен член на Единицата за брзо распоредување.

На прашањето на која позиција работел во 2011-та година, Анчевски рекол дека со решение бил дел од ЕБР, додека со писмена наредба на екс директорот на БЈБ, Љупчо Тодоровски, бил именуван како командант на единицата "Алфи".

"Единицата „Алфи“ хиерархиски е поставена во БЈБ, односно СВР Скопје, од кои причини истата не може да биде командувана од друга страна", рекол Анчевски во обраќањето до судот.

Анчевски истакнал и дека добивал наредби од началникот на СВР Скопје или од Секторот за организиран криминал, а истите потоа ги давал на раководителите во единицата "Алфи".

За акцијата за приведување на Љубе Бошковски дознал на 6-ти јули 2011-та година, а наредбата за истата ја добил од началникот на СВР Скопје.

Обвинетиот Петар Милошевски рекол дека на 6-ти јуни 2011-та година добил наредба од претпоставен најбрзо што може да се појави зад Министерството за економија. Тогаш бил тим лидер, односно одговорен за 3-4 полициски службеници.

"Раководителот ни објаснуваше дека ќе се одвива акција каде ќе биде уапсено лице кое има обезбедување и дека најверојатно се работи за дилер на дрога, изјави обвинетиот Милошевски.

Потсетуваме, судењето за "Тортура" почна во март 2018-та година против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на "Афли", а се однесува на апсењето на Љубе Бошковски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг