Крвави протести: Полицијата во Мјанмар отворила оган и убила двајца демонстранти

Точка

08/03/2021

11:20

1.230

Големина на фонт

а а а

Двајца демонстранти денеска биле убиени во мјанмарскиот град Мичина на северот на земјата, кога полицијата отворила оган на луѓето кои протестирале.

Оваа информација ја потврдиле и очевидци на немилиот настан, а додале и дека неколку луѓе биле повредени, јавува "Reuters".

Демонстрантите во Мјанмар протестираат секој ден по воениот пуч на 1-ви февруари со кој од власт била турната владата на премиерката Аунг Сан Су Чи, која била уапсена заедно со неколку членови на владеачката гарнитура.

Досега во Мјанмар биле убиени повеќе од 50 луѓе на демонстрациите.

Продавниците, фабриките и банките денеска биле затворени во најголемиот град во Мјанмар, Јангон, откако најголемите работнички синдикати повикале на затворање на економијата како дел од протестот против воената хунта која на 1-ви февруари го извела пучот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг