Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Макфакс

06/03/2021

12:03

1.029

Големина на фонт

а а а

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе пристигнат утре на скопскиот аеродром.

„Ги добивме од руската компанија сите потребни документи, и во текот на викендов, многу веројатно е дека во среда ќе почне вакцинацијата, а утре ќе пристигнат на аеродромот во Скопје во 14 часот“, кажа Филипче.

Тој претходно најави дека првин ќе пристигнат 3.000 вакцини од Русија.

Филипче кажа дека од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози, а една одредена количина може да дојде наскоро, но не се знае кога точно.

Од руската вакцина се очекуваат, исто така, вкупно 200.000 дози. На прашање колку вакцини имаме договорено на хартија, Филипче рече дека станува збор за 2,2 милиони договорени дози.



Спонзорирани линкови

Маркетинг