Нов земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Точка

04/03/2021

20:04

3.692

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала повторно го погодил нашиот јужен сосед Грција.

Земјотресот се случил во 18:38 по средно европско време. Потресот бил почувствуван и во соседните земји, вклучувајќи ја и Македонија.

Според податоците на "EMSC", земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтер, со епицентар на 29 километри од Лариса и 15 километри од Тирнавос, на длабочина од 10 километри.

Ова е нов потрес по серијата земјотреси кои беа регистрирани и во текот на вчерашниот ден на територија на соседна Грција. Потсетуваме, истите со помал интензитет беа почувствувани и во Македонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг