5 напитоци кои треба да ги избегнувате доколку земате антибиотици

Точка

04/03/2021

12:02

3.891

Големина на фонт

а а а

Иако речиси секојдневно ги консумираме, докторите препорачуваат да не го правиме тоа додека сме под терапија.

Антибиотиците се лекови кои го спречуваат растот на бактериите и се применуваат во лекување на бактериски инфекции. Тие се сметаат за едно од најголемите достигнувања на 20-от век, а правилната употреба е од пресудно значење.

Ако предолго земате антибиотици или на своја рака, без пропишан рецепт, може да се случи лекот да не делува како што треба, односно бактериите да станат отпорни. Не е занемарливо ниту влијанието на одредена храна врз дејството на антибиотиците.

Експертите од германската медицинска комора препорачуваат кои 5 намирници треба да ги избегнувате.

Млеко

Млекото и млечните производи се богат извор на калциум кој може да го наруши дејството на лековите, особено на антибиотиците.

„Одредени антибактериски агенси се врзуваат за калциумот во цревата и создаваат сложени молекули кои се толку силни што не можат да пробијат во крвотокот преку цревниот ѕид“, објаснуваат лекарите и додаваат дека најдобро е да се избегнуваат млечни производи 2 часа пред и по земањето антибиотици.


Алкохол

„Алкохолот може да го намали или зголеми дејството на лековите, а ни антибиотиците не се исклучок. Ако се консумираат заедно, може да се појават главоболки, мачнина и повраќање“, вели угледниот германски експерт д-р Томас Лошер.

Минерална вода

Минералната вода содржи многу минерали, како што се калциум, железо и магнезиум. Исто како и со калциумот во млекото, и во овој случај минералите можат да се врзат со активните состојки на антибиотиците и да ги претворат во неефикасни. Затоа, минералната вода треба да се избегнува 2 часа пред и по земањето антибиотици.


Овошен сок

Овошните сокови не се добра комбинација со антибиотици, бидејќи можат да содржат одредени инхибитори на ензими кои можат да го нарушат метаболизмот на некои лекови во црниот дроб.

Кафе

Ефектите на напитоците како што се кафето, црниот и зелениот чај или енергетските пијалаци може да се зголемат со употребата на антибиотици, што би можело да резултира со побрза работа на срцето и потешкотии во спиењето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг