Роналдо незадоволен од судењето имал необично барање од главниот судија на натпреварот со Верона

Дерби

28/02/2021

12:26

1.732

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо на вечрашниот натпревар против Верона повторно беше единствениот играч на Јувентус кој го најде патот до мрежата на противничкиот тим.

епак, на крајот се покажа дека голот на Португалецот нема да донесе три бода затоа што домашниот тим го израмни резултатот, па конечниот резултат на крајот беше 1:1.

Камерите и новинарите кои го следеа овој натпревар директно од теренот забележаа еден необичен момент во кој главни актери биле Кристијано Роналдо и главниот судија, Фабио Мареска.

Имено фудбалерот на Јувентус побарал од судијата да остави поостра игра и да не го прекинува натпреварот толку често.

– Пушти да се игра повеќе, немој да свириш на секое, -му порачал Роналдо на Марсека, а конверзацијата ја слушнале Дилета Леота и Федерико Балзарети кои во улога на коментатори на овој натпревар биле покрај теренот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг