Петел го убил сопственикот со нож: Се подготвувал за борба, но сè тргнало наопаку...

Точка

27/02/2021

20:43

6.619

Големина на фонт

а а а

Петелот Раџа, кој носел нож за време на нелегална борба на петли во јужна Индија, го убил сопственикот.

Сопственикот на петелот со нож бил убоден во препоните, додека птицата се обидувала да побегне, а мажот починал на пат до болница, бидејќи изгубил многу крв.

Локалната полиција бара уште 15 лица кои се вмешани во настанот кој се случил во селото Лотунур, на почетокот оваа година.

Петелот бил задржан во полициска станица пред да биде префрлен во фарма за живина. Локалните медиуми пенесуваат дека дури и ќе се појави на суд.


Полицијата соопштила дека птицата била подготвена за борба кога се обидела да побегне, пренесува „Гардијан“.

Сопственикот сакал да ја фати и да ја врати во рингот, но бил убоден со нож долг седум сантиметри, кој бил врзан на нозете на петелот.

Борбите на петли се забранети во Индија, но и понатаму се одржуваат во некои рурални средини.




Спонзорирани линкови

Маркетинг