Негативецот од Титаник тотално се променил: Малкумина ја знаат неговата животна приказна - има балканско потекло

Точка

27/02/2021

20:29

8.500

Големина на фонт

а а а

Били Зејн (55) се прослави со улогата на негативец во популарното остварување „Титаник“, кој имаше мисија да се венча со убавата Роуз (Кејт Винслет) и со тоа да ја одвои од Џек (Леонардо ди Каприо).

После „Титаник“, актерот никогаш не глумел во филм кој постигнал толкав успех, а не само што му стагнирала кариерата, туку и неговиот имиџ е далеку од заводнички.

Меѓутоа, многумина не знаат дека овој актер всушност има балканско потекло. Имено, Били Зејн е роден во семејство на имигранти од Грција. И мајка му и татко му потекнуваат оттаму, а вистинското презиме му е Занетакос.

Сепак, после преселбата во Америка, неговите родители го промениле презимето во Зејн - кое е познато американско презиме. На овој потег се одлучиле за побрзо да се прилагодат на животот во Чикаго, каде што актерот пораснал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг