Кристен Стјуарт како принцезата Дајана: Нови фотографии од снимањето на филмот „Spencer“

Точка

27/02/2021

17:08

2.788

Големина на фонт

а а а

Актерката Кристен Стјуарт неодамна била фотографирана на снимањето на филмот „Spencer“ во кој ја глуми покојната принцеза Дајана, носејќи ги нејзините препознатливи модни комбинации.

Во карирано сако со златни копчиња и рамно црно здолниште, актерката се припремала за снимање, а се „криела“ зад големи очила за сонце. Со идентичната фризура, Кристен навистина потсетува на принцезата Дајана.

Принцезата повеќе пати била забележана како носи слично парче, дизајнирано од страна на Кетрин Вокер, при посетата на Хемпшир во 1989 година.

Филмот на режисерот Пабло Ларејн ќе се фокусира на спорниот викенд во Сендрингем, кога Дајана наводно донела една од клучните одлуки за својот брак.

„Spencer“ ќе биде првиот филм за животот на членовите на британското кралско семејство по серијата „The Crown“ за која експертите, политичарите и семејните пријатели на семејството велат дека ја извртува вистината.

Премиерата на филмот би требало да биде оваа есен, а точниот датум сè уште не е објавен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг