Тензично на протестите: Има повредени, полицијата употребила солзавец

Точка

26/02/2021

14:57

11.399

Големина на фонт

а а а

Денеска од 13.00 часот, под мотото "Слобода, правда и демократија - Стоп за монтираните случаи", започна протестот на казнетите во според нив, монтираните случаи "Монструм", "Алмир", "Алфа", "Харун Алиу", "Бродец" и други.

Протестот почнал во Чаир, а учесниците потоа се упатиле кон судовите, додека планирано било истиот да заврши пред Влада.

Сепак, полицијата не им дозволила на демонстрантите да се упатат кон судовите.

Некои од пореволтираните учесници во маршот почнале да фрлаат со камења и други предмети кон припадници на полицијата. Сепак, брзо биле спречени од организаторите на протестот кои направиле жив штит помеѓу полицијата и демонтрантите за да се спречи поголем неред.

Тензиите почнаа откако демонстрантите побарале полицијата да ја „ослободи“ улицата, но, патот и натаму им го попречува огромен полициски кордон и оклопни возила.

Според некои медиуми, повредени има и на страната на полицијата, и на страната на демонстрантите, по што морала да интервенира Итната помош.

Како што дознаваме, полицијата употребила солзавец кон учесниците на протестот.

На терен се присутни се и оклопни полициски возила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг