Во Србија 3.588 новозаразени со коронавирус, 15 починати

Макфакс

25/02/2021

15:39

240

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа, 3.588 лица биле новозаразени со коронавирус во Србија, од 15.074. Како резултат на инфекцијата, починале 15 заболени.

Вкупно хоспитализирани се 3.832 пациенти, а 153 од нив се на апарати за дишење.

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека на денешната седница на Кризниот штаб е донесен единствен став во врска со воведувањето нови мерки против коронавирусот и кои ќе се однесуваат на викендот, но дека тие не се целосно прецизирани и дека тоа ќе се направи во петок.

Тој смета дека бројот на новозаразени е повторно зголемен затоа што не се придржувале кон противепидемиските мерки, како и дека премногу се опуштиле со масовната вакцинација, бидејќи сметале дека епидемијата е при крај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг