Шефицата на Европската комисија се обидува да ги смири скептиците: Јас ќе ја примам вакцината на “AstraZeneca”

Точка

24/02/2021

20:04

1.852

Големина на фонт

а а а

Урсула Фон Дер Лејен со најновиот потег многумина сметаат дека се обидува да ги смири скептичните Европејци во врска со вакцинта на “AstraZeneca”.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лејен порача дека без никаков проблем би ја примила вакцината на “AstraZeneca”.

Нејзиниот коментар доаѓа во моментите кога многу граѓани на Европа стануваат скептични во врска со оваа вакцина против коронавирусот и бараат да бидат вакцинирани со вакцина на друг производител, пред се со вакцината на “Pfizer” или “Moderna”.

Проблемите во врска со вакцината на “AstraZeneca” се натрупуваат веќе подолго време. Германска студија неодамна откри дека оваа вакцина има повеќе нуспојави отколку другите два „ривали“.


Кон критиките на сметка на оваа вакцина се придружи и францускиот претседател Емануел Макрон кој изјави дека Велика Британија ризикувала со тоа што за многу кратко време ја одобрила за употреба вакцината на “AstraZeneca”.

Сосема очекувано, високите функционери на Европската унија, кои се соочуваат со големи проблеми кога станува збор за процесот на вакцинација на населението, сега настојуваат да ја спасат ситуацијата затоа што во спротивно, вакцините на “AstraZeneca” би можеле да останат неискористени.

Да потсетиме, голем број на европски земји не ја користат вакцината на “AstraZeneca” кај лицата постари од 65 години. Меѓу нив се Германија, Белгија, Шведска, Данска, Норвешка, Франција и Полска, а властите на овие земји не велат дека вакцината не е ефикасна, туку дека немаат доволно докази за тоа.


„Моментално достапните податоци за лицата над 65 години се ограничени на само мал број на тестирани и не даваат можност за сигурен заклучок колку вакцините се безбедни и делотворни за здравствените работници и лицата помлади од 65 години“, соопштија неодамна од францускиот Национален институт за здравство.

Исто така, Јужна Африка неодамна привремено го прекина користењето на вакцината против коронавирус на "AstraZeneca" затоа што, како што соопштија тамошните власти, податоците покажале дека вакцината дава минимална заштита во случај на јужноафриканската мутација на вирусот.

Да потсетиме, министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче неодамна информираше дека Владата добила допис од „КОВАКС“ механизмот, во кој биле известени дека првата вакцина која ќе пристигне во Македонија е токму вакцината на “AstraZeneca”. Како што информираше министерот Филипче, испораката на 35% од предвидените 175,200 дози ќе биде реализирана во текот на идниот месец, а останатите дозив во земјава ќе пристигнат до средината на оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг