Филипче: Британскиот сој се шири низ земјава, не ја исклучувам можноста за нови мерки

Точка

24/02/2021

17:32

3.229

Големина на фонт

а а а

„Британскиот сој на вирусот се шири и поради тоа не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, на локално ниво или на територија на цела држава. Засега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, но ќе направиме дополнителни анализи“, изјави министерот за здравство.

Како што појасни првиот човек на македонското здравство, кога станува збор за мутациите на коронавирусот, во моментов се прави анализа во Лабораторијата во МАНУ. По пристигнување на резултатите идната недела, ќе пристигне и одговорот во врска со зголемениот случај на инфекции со коронавирусот.

„Целта е да се види колкав процент од вкупно дијагностицираните, практично, се должи на британскиот сој на вирусот. Последната анализа укажа на околу 50 проценти од случаите и тоа е доказ дека сѐ повеќе го има овој британски сој на вирусот. Ние во последните неколку денови гледаме и зголемување на бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови“, изјави Филипче.

Министерот за здравство откри дека епидемиолозите, дел од членовите на Комисијата на заразни болести прават анализи со цел да утврдат на што се должи тоа.

„Иницијалниот впечаток е дека е можно да се должи и на британскиот сој, меѓутоа и на генерално непочитување на мерките во делот на собирите. Еве, времето е убаво, сведоци сме дека сѐ повеќе има луѓе надвор коишто не ги почитуваат мерките. Во таа смисла за евентуални дополнителни мерки ќе разговараме во периодот којшто е пред нас“, изјави Филипче, пренесува „мкд.мк“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг