Вистински урнебес: Јокиќ и Шек имаа конверзација на српски јазик

Дерби

24/02/2021

17:16

1.952

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ беше творец на уште една победа на Денвер во НБА лигата, овојпат откако постигна 41 поен во тесната пресметка против Портланд на домашен терен.

Нагетси успеаја да слават со 111:106 во натпревар во кој Лилард и Ентони беа расположени во противничкиот табор, но сепак тоа не беше доволно за да се наруши новата кошаркарска симултанка на „елегантниот џин“ од Србија кој покрај 41 поен, придодаде и 5 скокови и 5 асистенции.

По одличното издание, Јокиќ имаше можност да разговара со луѓето кои ја водат познатата емисја „НБА ТНТ“, а таму во прв план се најде Шекил О’Нил и прашањето кое му беше поставено на Никола.

Од Јокиќ беше побарано да му порача на Шек „ти си луд“ на српски јазик, а легендарниот О’Нил имаше подготвено одговор и со употреба на „Гугл транслејт“ му возврати „играш одлично“…



Спонзорирани линкови

Маркетинг