Луксузниот дом на фудбалерот Един Џеко во Сараево го одзема здивот: „Вила Е“ се издигнува на 4 катови и е градена 3 години

Точка

24/02/2021

17:40

5.975

Големина на фонт

а а а

Во сараевската населба Вишњик е завршена изградбата на луксузната вила чиј сопственик е најдобриот фудбалер од БиХ - Един Џеко.

Станува збор за објект кој што поседува четири катови и кој ќе биде дом за семејството Џеко. Освен достигнувањата на спортскиот терен, јавноста ја привлекуваат и деталите кои што се поврзани со приватниот живот на легендарниот фудбалер.

Преубавата градба ја проектирало архитектонското студио „Doxat“, а истата била градена цели три години.

„По речиси три години, еден тон состаноци и разговори за деталите, „Вила Е“ е завршена. Во нашето студио тежнееме кон едноставноста и функционалноста на архитектурата и тоа е сè што оваа вила претставува. Модерна луксузна вила со едноставни и чисти линии“, напишале архитектите.

Објектот е опремен со сите технолошки достигнувања на современите гледишта. Поседува сауна, фитнес сала и генерално е модерно дизајнирана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг