Фото: Погледнете го редот за вакцинирање во Загреб, луѓето велат дека е хаотично

Точка

23/02/2021

11:41

663

Големина на фонт

а а а

Утрово пред спортската сала на "Противпожарното училиште" во Загреб се создал огромен ред од луѓе кои сакале да се вакцинираат.

Имено, денеска во Загреб почнува вакцинирањето на граѓаните во рамките на втората фаза на вакцинирање. На таа адреса во 11 часот пред медиумите ќе се обрати министерот за здравство Вили Берош и директорот Хрватскиот завод за јавно здравство Крунослав Цапак.

Иако вакцинирањето почнува во 9, граѓаните на локацијата почнале да се појавуваат веќе во 7 часот за што побрзо да ја добијат својата доза вакцина. До 9 часот се создал ред долг повеќе стотина метри, јавува "Index.hr".

Граѓаните прво ќе се вакцинираат со вакцината на "Pfizer", а кога таа ќе се потроши, ќе се вакцинираат со таа на "AstraZeneca".

Луѓето од утрово стојат таму чекајќи во ред за вакцинирање, а најголем проблем, како што велат граѓаните кои дошле да се вакцинираат, е тоа што многумина дошле многу пред терминот кој им е закажан.


"Настана хаос, многу е неорганизирано"

"Настана хаос, многу е неорганизирано. Договорен сум во 9, но кога ја гледам оваа брзина, очигледно е дека ќе чекам со часови. Луѓето кои дојдоа порано направија хаос. Дојдов пред 9 и веќе имаше ред. Мислам дека ќе има проблем и со паркингот. Има многу постари луѓе кои се дојдени со автомобил. Се плашам дека сите ќе завршат со вакцина на "AstraZeneca". Дома имам двајца постари родители од повеќе од 90 години. Една година избегнувам нормален живот за да не ги заразам. Затоа се одлучив да се вакцинирам", рекол еден жител на Загреб за "Index.hr".

"Дојдоа луѓе со закажано во 14 часот, сега ги враќаат"

"Им реков дека сум подготвен да примам било каква вакцина меѓу првите, само да почнам да живеам нормално и без страв да ги заразам родителите", додал истиот граѓанин.

"Луѓе што имале закажано за 14 часот дошле од сега, па сега ги враќаат назад", рекол друг жител кој исто така имал закажано од 9 часот.


"Организацијата е нула"

"Организацијата е нула.. Подобро да одеше преку здравствените домови, тогаш немаше да настане ваков хаос. Наместо да се прима вакцина според термини, се прима според тоа кој застанал прв во ред. Никако не ми се допаѓа оваа организација", рекла една жителка на Загреб за хрватскиот портал.

На влезот се мери температура и сите мораат задолжително да ги дезинфицираат рацете.

Најпрво луѓето на влезот се регистрираат. "Ние проверуваме кој ги пратил. Пишуваме со која вакцина ги вакцинираме и за еден месец им закажуваме за втората доза", рекла Мартина Иваниќ од ХЗЈЗ.


"Организацијата е катастрофа"

"Чекаме час и половина. Организацијата е катастрофа. Зошто, на пример, на оние кои се многу стари или инвалиди, кои секако, ги пуштаме преку ред, не им е закажано во домовите за здравство?", се запрашала една жена.

Еден човек рекол дека не му е проблем да чека и пет часа, само да добие вакцина. Исто така, додал, дека му е сеедно со која вакцина ќе го вакцинираат.

"Не ни е сеедно која вакцина ќе ја примиме"

"Чекаме од 8 и пол. Не ни кажаа која вакцина ќе ја добиеме. Претпоставуваме дека ќе биде "AstraZeneca". Не ни е сеедно која ќе биде. Да можеме да избереме би била "Pfizer". Имам 86 години, сопругата 83 и мислам дека е логично да добиеме подобра вакцина. Но, искрено, среќни сме што воопшто ќе се вакцинираме", рекол еден брачен пар за "Index".




Спонзорирани линкови

Маркетинг