Уапсена сопругата на мексиканскиот крал на дрогата: Продолжила со работата кога тој завршил зад решетки

Точка

23/02/2021

10:53

2.097

Големина на фонт

а а а

Американската полиција на аеродромот во Вирџинија ја уапсила Ема Коронел Аиспуро, сопругата на најпознатиот наркобос Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо.

Коронел во вторник би требала да се појави на суд, а обвинета е дека продолжила да ја води работата на сопругот и откако тој завршил зад решетки, односно дека организирала шверц и продажба на хероин, кокаин, марихуана и метамфетамин во САД.

Извори на "Reuters" од Мексико тврдат дека САД организирале акција за апсење и дека Коронел не е барана личност во Мексико.


Истрагата ја водела ФБИ, а обвиненијата се поврзани и со шверц на дрога од 2014-та и 2017-та година, дури и пред Ел Чапо да заврши зад решетки во 2019-та година. Потсетуваме, Гузман е осуден на доживотен затвор плус 30 години.

Ел Чапо е осуден за злосторства кои се извршени од 1989-та година 2014-та година, а меѓу нив е трговијата со стотина тони кокаин и други дроги, учество во злосторничка организација, користење на огнено оружје и перење на пари заработени од дрога. Иако Ел Чапо е наводно виновен за стотина убиство, тоа на суд не е докажано.


Обвинителните во случајот со неговата сопруга наведуваат дека во обвинението стои дека Коронел се обидела да му помогне на својот сопруг да побегне од затворот Алтиплано во Мексико во 2015-та година преку тунел кој водел од неговата ќелија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг