За непрописно возење казнети 101 возач во Скопје

Макфакс

23/02/2021

10:23

138

Големина на фонт

а а а

Вкупно 101 возач на територијата на Скопје добиле казни за сообраќајни прекршоци, известуваат од министервото за внатрешни работи.

За возење без возачка дозвола казнети биле 12 возачи, 7 санкции биле изречени за непочитување на брзина на движење а три казни биле изречени за технички неисправни возила за јавен превоз.

Од МВР информираат дека шест возачи добиле казни за користење на мобилен телефон во текот на возењето, тројца возачи биле казнети за минување на црвено светло а 29 за непрописно паркирани возила.

Од ресорното министерство информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг