Русковска за „360 степени“: „Пропусти има и мене апсолутно ми е страшно што ова нѝ се повтори“

Точка

23/02/2021

09:37

2.813

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од завчера попладне е недостапен и полицијата не успеа да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донел Кривичниот суд.

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во емисијата „360 степени“ не сакаше да шпекулира каде е пропустот, но отфрли каква било одговорност на Обвинителството бидејќи, како што вели, информацијата за можно бегство ја споделиле уште во саботата.

„Пропусти има и мене апсолутно ми е лично, како мене, не како обвинител не како човек, ми е страшно што ова ни се повтори. И од тие причини бев толку ангажирана и во саботата и во неделата за да не ни се повтори тоа. Така да… е страшно што постојано ни се повторува“, вели Русковска.

На прашањето зошто уште во петокот не бил побаран притвор или друга мерка за обезбедување на Сашо Мијалков, таа одговара дека постојат две причини за тоа:

„Првата е што немавме законска можност затоа што обвинетиот Сашо Мијалков ги почитуваше превентивните мерки кои му беа определени од судот а исто така редовно се јавуваше на сите рочишта. И втора, многу поважна причина е тоа што доколку во тој момент обвинителството побараше притвор можеше да е протолкува и ќе се протолкуваше како прејудицирање на пресудата. Додека не судот не ја објави пресудата, ова повеќе да им објаснам на вашите гледачи, додека судот не ја објави пресудата секој е невин. Што значи пресудата можеше да биде и ослободителна, така? И врз база на што обвинителството да бара притвор? Во вакви случаи Обвинителството може да бара притвор при изрекување на казна затвор од страна на судот“.

Прочитајте го целото интервју на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг