9 години од смртта на музичката легенда: Најгледаното ТВ гостување во кое ги изнесе интригантните детали ќе остане впишано во историјата

Точка

11/02/2021

13:47

2.415

Големина на фонт

а а а

Девет години од смртта на легендарната Витни Хјустон. Во продолжение прочитајте кратко резиме од работите кои го одбележаа нејзиниот живот.

Родена на 9 август 1963 година во Њу Џерси, Витни Хјустон потекнува од семејство кое што Америка се сметало за музичка елита.

Нејзината мајка Сиси била пратечки вокал на Елвис Присли и Арета Френклин.

Почетоци

Во 1978 година Витни имала само 15 години кога почнала да пее пратечки вокали на фанк ѕвездата Чакa Кан, и тоа за песната „I'm Every Woman“, а таа песна станала хит дури кога Витни ја препеала и истата се нашла во филмот „Телохранител“ од 1992 година.


Модел

Пред да се прослави како пејачка, Витни успешно се занимавала со манекенство. Била првата Афроамериканка која што се појавила во тинејџерскиот магазин „Seventeen“. Таа се фотографирала и за насловни страници на магазините „Glamour“, „Cosmopolitan“, а глумела и во многу реклами.

Деби

Нејзиниот прв албум „Витни Хјустон“ го издала во 1985 година, а истиот станал најпродаваниот деби албум кој некој музичар го објавил.

Награди

Витни била најнаградуваната музичка ѕвезда со над 400 признанија, од кои 6 Греми награди, 2 Еми награди и 30 Билборд награди. Влегла и во Гинисовата книга на рекорди како најтиражниот изведувач со над 200 милиони продадени песни ширум светот. Објавила 7 студиски албуми кои што биле продавани во дијамантски, платинести и златни тиражи.


Хитови

Таа е единствената пејачка на светот која што имала седум последователни број 1 хитови на листата на Билборд: “Saving All My Love for You”, “How Will I Know”, “Greatest Love of All”, “I Wanna Dance with Somebody”, “Didn’t We Almost Have It All”, “So Emotional” и “Where Do Broken Hearts Go”.

Поборник на Нелсон Мендела

Витни била голем поборник на движењето на Нелсон Мендела. Додека се занимавала со манекенство одбивала да соработува со агенциите кои што соработувале со Јужна Африка. Во 1988 година настапувала на стадионот Вембли на прославата на 70-от роденден на Нелсон Мендела кој што тогаш бил во затвор.

Поранешни момчиња

Пред да се венча со RNB музичарот Боби Браун, Витни Хјустон се забавувала со ѕвездата на американскиот фудбал Рендал Канингем и познатиот комичар Еди Марфи.

„I Will Always Love You“

Нејзиниот најголем хит всушност е римејк од песна од популарната американска кантри пејачка Доли Партон.


„Премногу сум богата за да го пушам тоа“

Витни во 2012 година зборувала за употребата на наркотици во емисијата кај водителката Дајен Сојер, а ова интервју ќе остане запаметено и едно од најгледаните во историјата. „Како прво, нешто да разјасниме. Крекот е евтин. Јас премногу заработувам за да го користам“.

Исто така таа признала дека пуши марихуана, консумира кокаин и таблети, но и демантирала дека има пореметување во својата исхрана. Губењето на килограмите го препишала на уморот и употребата на недозволени супстанции.

Борба со зависноста

Над 15 години се борела со зависност, што наголемо влијаело на нејзиниот живот и кариера. За тоа зборувала и во некои од телевизиските настапи, па неколку пати била и на рехабилитација.


Заминување на ѕвездата

Славната ѕвезда почина на 11 февруари 2012 година во својот апартман во хотелот „Беверли Хилтон“. Била пронајдена во када во 15 часот и 30 минути.

Локалната полиција навела дека немало знаци на кривично дело, а на 22 март било објавено дека причината за нејзината смрт била „давење“ како последица на срцевите проблеми со употреба на кокаин. Токсичните наоди откриле и траги од канабис и лекови за смирување во нејзиниот организам.




Спонзорирани линкови

Маркетинг