Русите испратија јасна порака до Американците: Погледнете го прелетот на бомбардерот „Су-25“ покрај америкакнскиот разурнувач „Доналд Кук“

Точка

01/02/2021

17:49

9.143

Големина на фонт

а а а

Американската воена морнарица на социјалната мрежа „Твитер“ објави снимка од прелетот на рускиот бомбардер „Су-24“ во близина на разурнувачот „Доналд Кук“ во Црното море.

Снимката е направена од американскиот разурнувач кој влезе во Црното море на 23-ти јануари, а подоцна таму пристигна уште еден американски воен брод – „Портер“, пренесува руската новинска агенција „РИА Новости“.

Агенцијата потсетува дека од НАТО Алијансата, влегувањето на тие бродови во Црното море, го нарекле одговор на јакнењето на воената моќ на Русија.

Поради појавата на двата американски воени бродови, фрегатата на руската црноморска флота „Адмирал Макаров“ била испратена да изврши воени вежби во регионот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг