Путин и Бајден согласни: Потребен е интензивен дијалог

Точка

31/01/2021

14:57

1.301

Големина на фонт

а а а

Во првиот телефонски разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден, биле потврдени длабоките несогласувања меѓу двете земји, но и потребата за интензивен дијалог, изјавил денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

"Двете страни се согласни дека постојат длабоки несогласувања, што не значи дека дијалог не е можен, туку напротив - разликите бараат интензивен дијалог меѓу двете земји", рекол Песков во интервју за "ТВ Русија 1".

Според неговите зборови, разговорот кој двајцата лидери го имале на 26-ти јануари бил прагматичен и деловен.


Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на оваа недела го потпишал Законот за продолжување на Договорот за намалување на стратешкото вооружување (Нов СТАРТ) на пет години, поточно до 5-ти февруари 2026-та година.

Американскиот претседател Џо Бајден исто така предложил петгодишно продолжување договорот, со кој Русија и САД меѓусебно се ограничуваат по прашањето за нуклеарното вооружување.

На почетокот на овој месец Москва потврдила дека двете земји постигнале договор за продолжување на Нов СТАРТ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг