Прва жртва од британскиот сој на Ковид-19 во Македонија

Точка

30/01/2021

20:42

2.333

Големина на фонт

а а а

Регистриран е првиот починат од британскиот сој на коронавирус во Македонија. На осми јануари влегува во црниот здравствен билтен, а четири дена претходно е хоспитализиран во приватна болница.

Освен овој охриѓанец, кај кого се регистрирани претходни хронични заболувања, во лабораторијата за генетика во „Жан Митрев“ клиниката е забележан уште еден случај на мутираниот сој. Оваа информацијата на Твитер ја сподели доктор Горан Кунгуловски ко-основач на лабораторијата.

„Уште двајца позитивни на новиот британски сој во нашата лабораторија“, напиша д-р Горан Кунгуловски.

Тој на неговиот Фејсбук профил сподели и неколку нови информации за британскиот сој.

1. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно ако требало да се заразат 1000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно.

2. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со не-британски соеви. Значајно.

3. Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1000, ќе се заразат 1500 и наместо да починат 10, ќе починат 20. Значајно.

4. Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој. Значајно.

Последни информации за британскиот сој

1. Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува...

Posted by Goran Kungulovski on Сабота, 30 јануари 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг