Рецепт за вкусна традиционална храна! Еве како да направите сарма на едноставен начин

Точка

29/01/2021

21:59

5.394

Големина на фонт

а а а

Од кисела зелка можат да се направат разни јадења, но она што можеби Македонците најмногу го сакаат се сармите.

Традиционална храна која се прави од кисела зелка и мелено месо, а се послужува за ручек, но и на свечените трпези, како што се славската и новогодишната.

Состојки:

- 12 поголеми листови зелка
- 1кг. мелено месо
- 100гр. ориз
- 1 главица кромид
- сол
- бибер
- суви зачини
- сланина


Подготовка:

На малку масло пропржете го ситно исецканиот кромид, додадете го месото и зачините. Кога ќе се испржи месото додадете го оризот и пржете уште 5 минути. Ако сакате додадете и сецкана сланина. Завиткајте ја сармата во лист од зелка, така што листот ќе го ставите на рака, одозгора ставете една или две лажици од месото, а потоа преклопете од двете страни и завиткајте ја. Правете го тоа додека не ги потрошите состојките.

Наредете ја сармата во тенџере и полијте ја со вода. Кога ќе се свари, направете запршка така што на малку масло ќе пропржите брашно и зачинска пиперка и додадете вода од сармата. Потоа истурете ја запршката во сармата и варете уште 10 минути.