Полицијата му влезе во трага на уште еден член на „Јавна соба“, објавувал експлицитни фотографии од Малта

Точка

29/01/2021

20:34

3.916

Големина на фонт

а а а

Полицијата детектирала уште еден од членовите поврзани со сега згаснатата скандалозна група „Јавна соба”, но тој во моментов е на Малта, велат полициски извори за „Канал 5“.

Досега МВР приведе четири лица, а потрагата по членовите на групата кои споделувале фотографии, лични податоци и недолични коментари за девојки и натаму продолжува, а се работи и на блокирање и на другата ваква група која постои на платформата „Телеграм”.

По коментарите во јавноста дека во „Јавна соба” членувале и полициски службеници, од МВР велат дека досега не е забележан таков случај.

„Досега нема детектирано полициски службеник кој учествувал во оваа јавна група, за жал имаше злоупотребено и фотографија од полициски службеници, како што има злоупотребено фотографија од различни личности, но тоа не значи дека учествувале тие полициски службеници во групата, се разбира доколку се детектира било какво учество или прекршување на законите од страна на полициски службеник веднаш ќе бидат санкционирани“, вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг