Белата куќа за телефонскиот разговор помеѓу Бајден и Путин: Претседателот на САД имаше една јасна цел!

Точка

29/01/2021

11:55

1.105

Големина на фонт

а а а

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки се огласи по повод неодамнешниот телефонски разговор помеѓу американскиот и рускиот претседател, истакнувајќи дека Бајден имал јасна цел која сакал да ја постигне.

„Претседателот Бајден имаше јасна и прецизна цел која сакаше да ја пренесе во текот на разговорите. Тоа е дека тој никогаш не се воздржува кога е во прашање Владимир Путин или руската влада. Тоа Бајден јасно го порача за време на разговорите“, изјави Псаки.

Да потсетиме, телефонскиот разговор помеѓу претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин беше одржан во вторникот, а главната тема на разговорите беше продолжувањето на договорот „СТАРТ 3“, нешто што беше договорено.

Портпаролот на Кремљ прецизираше дека разговорот траел нешто повеќе од 35 минути, дека е одржан на иницијатива на руската страна и оцени дека истиот бил многу отворен.


„За време на разговорите не се зборуваше за посети или состаноци во живо, но беше изразена подготвеноста и намерата да се продолжи со дијалогот“, изјави Димитриј Песков.

Инаку, покрај прашањето во врска со договорот „СТАРТ 3“, претседателите разговарале и за ситуацијата со Алексеј Навални, како и за Украина. Како што изјави Песков, Путин на Бајден му ги „разјаснил ставовите“ на Москва во врска со тие прашања.




Спонзорирани линкови

Маркетинг