Утре променливо облачно време со температура до 11 степени

Макфакс

28/01/2021

17:49

588

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.

Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје прoменливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

В сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а по должината на Повардарието засилен северозападен ветер. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд, пообилни в недела попладне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг