Обама, Трамп, Бајден: Прашањето за Северен тек 2 не се менува – рускиот проект е лош за Европа!

Точка

28/01/2021

20:13

1.950

Големина на фонт

а а а

Од администрацијата на Бајден порачаа дека проектот за изградба на гасоводот од Русија кон Германија е „лоша работа за Европа“ и дека ќе направи ревизија на рестрикциите кои ги воведе администрацијата на Трамп.

Портпаролката на администрацијата на Бајден, Јен Псаки за време на вчерашната прес-конференција порача дека Џо Бајден смета дека проектот за гасоводот Северен тек 2 е „лоша работа за Европа“ и дека неговата администрација ќе направи ревизија на рестрикциите кои ги воведе сега веќе поранешниот претседател Доналд Трамп.

Да потсетиме, Трамп воведе одредба според која им се закануваат санкции на секоја компанија која ќе му помогне на руски „Гаспром“ за поставување на гасоводот помеѓу Русија и Германија. Се чини дека ниту администрацијата на Бајден нема многу да се разликува од таа на Трамп во врска со ова прашање.


САД конзистентно се противи на овој проект уште од самиот почеток, но и покрај притисоците и заканите, Германија засега се држи цврсто и порачува дека проектот ќе биде комплетиран.

Станува збор за огромен проект вреден 11 милијарди долари кој моментално е 90% комплетиран. Новиот гасовод двојно би ја зголемил количината на гас која се доставува од Русија во Европа преку Балтичкото море.




Спонзорирани линкови

Маркетинг