Со неверување гледале на кого Орбан му оддава почит: "Тој човек е храброст, среќа"

Точка

27/01/2021

15:39

2.995

Големина на фонт

а а а

Пилотите на Пума, летајќи со германските ловци "Messerschmitt Bf 109", собориле 108 американски бомбардери и ловци над Унгарија и Австрија.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан му оддал признание на неодамна починатиот пилот на 101. ескадрила од Втората светска војна, Ендре Франко, последниот припадник на озлогласената единица по име "Пума", која се борела на страната на фашистичка Германија.

Во чест на "тој нацистички пилот" над Будимпешта прелетале три авиони "Gripen" на унгарските воздухопловни сили, а самиот Орбан го нарекол Франко витез и херој, па го фотографирал и слоганот на таа единица.


"Нашиот командант е храброст, а нашиот другар - среќа", рекол Орбан и додал дека "хероите на Пума летале во небесниот строј".

Пилотите на Пума, летајќи на германските ловци "Messerschmitt Bf 109", собориле 108 американски бомбардери и ловци над Унгарија и Австрија. Единицата била основана во март 1944-та година откако поради страв од Црвената Армија, која се приближувала кон границите на источна Европа, трупите на Хитлер влегле на подрачјето на Унгарија.


Ендре Франко пристапил кон единицата на 21 година по само неколку часа обука и веднаш бил пратен во првите борбени акции, а во мај 1945-та година го заробиле американските војници на границата меѓу Австрија и Германија

Американската историчарка со унгарско потекло Ева Балог смета дека е срамно што Орбан му оддал признание на Франко, сметајќи го тоа не само за негова рехабилитација, туку и за симболична ревизија на историјата во унгарското учество во Втората светска војна на страната на Оската, пренесува "Jutarnji list".


Имено, Орбан веќе со години настојува да го рехабилитира воениот лидер на Унгарија, адмирал Микош Хорти, за кого зборува како голем патриот, настојувајќи да го намали учеството на Унгарија во холокаустот во кој настрадале речиси половина милион унгарски Евреи.