Казнети 265 возачи во Скопје

Макфакс

27/01/2021

11:28

156

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 265 мерки, од кои 31 мерка за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 14 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 20 мерки за користење на мобилен телефон, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 14 санкционирани пешаци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг