Пановски: „Ако дојде кинеската вакцина утре јас прв ќе се вакцинирам“

Точка

26/01/2021

15:30

6.775

Големина на фонт

а а а

Професорот д-р Пановски вели дека вакцината од „Синофарм“ е класична вакцина произведена од мртов вирус и дека не е направена со нова технологија.

„Некој лани да ми речеше дека би требало да се вакцинирам со вакцина од Истокот, веројатно ќе беше навреда, а сега излегува дека тоа е добра опција“, вели Пановски за „Мета“, додавајќи дека во однос на вакцините можеме да се потпреме и на истокот и земјите како Индија и Кина кои се гиганти.

„На квалитетот на вакцината треба да се гледа како за некој друг бренд. Производите им се рамни на западните, се надевам дека и вакцините се такви, квалитетни. Според ова што го гледаме како се справува западот, не треба источните опции да се отфрлаат. Ако дојде кинеската вакцина утре, јас прв ќе се вакцинирам“ вели Пановски.

Пановски ова го изјави по изјавата на Министерот за здравство, Венко Филипче, во која вели дека поради доцнење на испораките се разгледува можноста и за набавка на вакцини од Кина. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг