SpaceX лансираше најголем број на сателити во една мисија – дури 143!

Точка

25/01/2021

11:57

1.377

Големина на фонт

а а а

SpaceX ја лансира ракетата Falcon 9 во рамките на програмата позната како Rideshare во која бројни компании ѝ плаќаат на компанијата на Илон Маск за нивната технологија да ја лансира во вселената.

Ракетата Falcon 9 на SpaceX полета во неделата и во вселената однесе досега најголем број на сателити.

Енди Тран, челник на SpaceX изјави дека ракетата Falcon 9 пренесува 133 комерцијални и владини сателити, како и уште 10 сателити на SpaceX.

„Ова е досега најголемиот број на сателити кои се превезуваат во една мисија“, порача Тран.

Компанијата која ја основаше Илон Маск планира во орбитата да лансира илјадници помали сателити кои ќе ја формираат големата мрежа Starlink која од вселената ќе обезбедува брз пристап до интернет насекаде во светот.

Некои научници сепак се загрижени поради големиот број на сателити кои кружат околу Земјата, иако SpaceX тврди дека сателитите се конструирани така што самите горат во атмосферата после неколку години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг