Бајден до својот мексикански колега: Ќе ја променам имигрантската политика!

Точка

24/01/2021

11:41

2.794

Големина на фонт

а а а

САД планира да направи голема промена во „драконскиот“ пристап на администрацијата на Трамп кон имиграцијата, му рекол американскиот претседател Џо Бајден на својот мексикански колега, соопштија од Белата куќа.

Во телефонскиот разговор со Андрес Мануел Лопез Обрадор, Бајден го изнел својот план за создавање на нови легални можности за имиграција и подобрување на процесот за барање на азил, потврдија од Белата куќа.

Приоритет ќе биде „целосно менување на имиграциската политика на претходната администрација“, стои во соопштението.

Двајцата претседатели се согласиле дека земјите треба да соработуваат за да се намали илегалната миграција.

Мексико ќе има голема улога во плановите на Бајден за имиграциската реформа. Претходно во текот на овој месец, Мексико помогна во Средна Америка да се сопре големиот караван на мигранти кои се упатија кон САД.


„Телефонскиот повик беше пријатен и полн со почит. Се укажува на тоа дека односите ќе бидат добри и во корист на нашите луѓе и нации“, накратко напиша Обрадор на Твитер.

Спречувањето на легалната и илегалната имиграција беше приоритет на претходникот на Бајден, Доналд Трамп.

Меѓутоа, Бајден поттикна забрзано носење на закон кој ќе овозможи околу 11 милиони луѓе, кои илегално живеат во Соединетите Американски Држави, да побараат државјанство, иако сојузниците во Конгресот тврдат дека таквиот закон сепак би бил преголем залак.




Спонзорирани линкови

Маркетинг