Бајден побара од безбедносните служби да извршат проценка на заканите за насилен екстремизам во САД

Точка

23/01/2021

13:50

885

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Џо Бајден побара од безбедносните и разузнавачките служби да ја проучат заканата за насилен екстремизам во САД, потврдија од Белата куќа, откако на почетокот на овој месец поддржувачите на Трамп насилно упаднаа во зградата на американскиот Конгрес.

„Нападот на Капитол на 6-ти јануари и трагичната смрт и разорувањата кои се случија, го подвлекоа тоа што го знаевме – порастот на насилниот екстремизам во семејствата е се поголема закана по националната безбедност“, соопшти Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа.

Таа нагласи дека се потребни нови простапи и дека ова прашање е приоритет за новата американска администрација.


„Треба да се направи повеќе. Поради тоа претседателот задолжи тим од националната безбедност да изврши анализа уште во вториот ден откако стапи на функција“, изјави Псаки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг