Верно куче една недела го чекало сопственикот пред болницата

Точка

22/01/2021

19:55

1.547

Големина на фонт

а а а

Женка мешанче по име Бончук речиси една недела чекала пред болница во Турција, се додека нејзиниот сопственик бил пуштен од лечење поради мозочни проблеми.

Бончук за својата верност била наградена со емотивна средба со сопственикот Кемал Сентурк, кога конечно излегол од болница во градот Трабзон на североистокот на Турција, пренесува "Sputnik".

Сентурк бил префрлен во болница на 14-ти јануари поради емболија на мозокот, а Бончук го следела возилото на итната помош.

Од тогаш секој ден се враќала и чекала пред болницата, а персоналот некогаш ја хранел.

Кога Сентурк оваа недела конечно излегол од болница, Бончук трчала околу неговата инвалидска количка, скокала за да ја погали и мавтала со опашката.

"Човек поради тоа се чувствува многу среќно. Тоа куче ни е многу блиско, како човечко суштество е и многу сум среќен поради тоа", рекол Сентурк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг