Прогласена за најубава жена на светот, а не ни знаела дека се натпреварува во изборот

Точка

22/01/2021

18:44

2.276

Големина на фонт

а а а

Џаел Шелбиа од Израел неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, а вели дека не ни знаела дека е земена предвид за добивање на друго меѓународно признание.

19-годишната Шелбиа го зазеде првото место на листата „100 најубави лица на годината“ која ја состави „TC Candler“.

„Бев многу изненадена. Не знаев ни дека се натпреварувам на тој избор“, рекла Џаел во интервју за „The Sun“ и додала дека не знае зошто токму неа ја избрале, дека убавината е индивидуална работа и дека сите жени се убави.

Синооката тинејџерка пораснала во големо еврејско семејство на северот од Израел, а се преселила во Тел Авив за да ги оствари своите соништа.

Рекла дека оттогаш добила над 200 илјади нови следбеници на Инстаграм кој секој ден можат да ги гледаат нејзините манекенски и секојдневни активности.

„Голема е честа да ѝ служам на мојата земја. Имам голема одговорност како израелски војник и јавна личност. Многу ми е важно да се обидам да ги вклопам работата и службата“, објаснила Џаел.

Како модел учествувала во кампањи на Ким Кардашијан и Кајли Џенер. Претходно потврдила дека се забавува со 36-годишниот Брендон Корф, внук на покојниот милијардер Самер Редстон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг