Нов убедлив пораз: Русија и одржа ракометна лекција на Македонија

Дерби

22/01/2021

17:38

1.606

Големина на фонт

а а а

Машката македонска репрезентација го претрпе четвртиот пораз на петтиот натпревар на Светското првенство, втор во главната фаза на шампионатот.

Ова попладне избраниците на Данило Брестовац беа надиграни од Русија со 32-20. Ова беше средба во која бевме во подредена улога низ сите 60 минути, а најдобар доказ за тоа е конечниот резултат. Првото полувреме беше доста лошо, „зборнаја“ ги казнуваше сите наши грешки, слабости во играта и на пауза замина со 19-9.

Вториот дел го познавме со позиитвна серија од 3-0, меѓутоа потоа одново застанавме, Русите стапија на сцена и до крајот се изборија за триумф од 12 разлика.

Кузмановски со 6 гола беше наш најдобар стрелец, Серафимов пак беше автор на 4 погодоци. Кај противникот Сорока беше прво име со 6 погодоци.

Оваа фаза ќе се завршиме со дуелот против Белорусија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг