Две држави се трн во око на Алијансата: НАТО ѝ се обрати на Русија, има само едно барање

Точка

22/01/2021

21:09

5.005

Големина на фонт

а а а

НАТО и натаму ја повикува Русија да го повлече признавањето на Јужна Осетија и Абхазија, рекол генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел.

Американскиот политичар исто така ја повикува Русија да "го почитува територијалниот интегритет на Грузија и да го почитува меѓународното право".

Претходно било соопштено дека претседателката на Грузија, Салома Зурабишвили на 22-ри јануари го посетила седиштето на НАТО во Брисел, како и дека ќе присуствува на состанокот на заедничката комисија НАТО-Грузија.


Грузија ноќта на 8-ми август 2008-ма година ја гранатирала Јужна Осетија со помош на ракетните фрлачи "Град", а грузиската војска ја нападнала Републиката и уништила дел од нејзиниот главен град Чинвали. Русија, која ги штитела граѓаните на Јужна Осетија, од кои многумина имаат руско државјанство, ја вовела војската во Републиката и по пет дневни борби ја потиснала грузиската војска од регионот. Москва на 26-ти август истата година го признала суверенитетот на Јужна Осетија и Абхазија, по што Грузија ги прекинала дипломатските односи со Русија.

Тбилиси одбива да ја признае независноста на републиките.


Европскиот суд за човекови права на 21-ви јануари ги признал обвиненијата на Грузија на сметка на Русија во врска со случувањата од август 2008-ма година во Јужна Осетија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг