Од Белата куќа се пресели во уште поголема резиденција: Трамп го замени Вашингтон со „поглед на океанот“

Точка

22/01/2021

09:02

3.740

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп од Белата куќа се пресели во уште поголема „куќа“ - резиденцијата Мар-а-Лаго во американската сојузна држава Флорида.

Мар-а-Лаго или „зимската Бела куќа“ се наоѓа на 22-ро место на листата со најголеми куќи во САД со 5,800 квадратни метри, додека Белата куќа во Вашингтон се наоѓа на 33-то место со 5,100 квадрати.

Приватното одморалиште во Палм Бич беше дестинација која Трамп ја посетуваше и додека беше претседател на САД, а како што пренесува "Business Insider", сега ќе му биде место на „постојан престој“.

Целиот имот кој има 8 Хектари, Трамп го купи во 1985-та година за 8 милиони долари. Мар-а-Лаго од една страна излегува на Атлантскиот океан, а на другата страна на крајбрежниот канал кој е поврзан со океанот.

Објектот кој е изграден во 1927-ма година има 128 соби, а во целото соседство живеат милијардери во исто така луксузни објекти.

Како што пренесуваат американските медиуми, Трамп годишно од овој имот заработувал од 15 до 25 милиони долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг