Жена која живее во близина на Северниот пол открила низ што минува за да го прошета кучето

Точка

21/01/2021

22:20

6.139

Големина на фонт

а а а

Свалбард е островска група во Арктичкиот океан северно од копнена Европа и е на речиси половина пат од Норвешка до Северниот пол. Температурите таму обично се многу ниски, насекаде има снег и неколку месеци се живее во мрак. Иако звучи немилосрдно, островот е населен.

Една жителка, Сесилија Бломдал, на ТикТок покажала како изгледа нејзиниот секојдневен живот на ова место, односно како изгледа носење на кучето на прошетка.

Во исечокот открила дека подготовките за самата прошетка се прилично тешки. Прошетката со кучето ја опишува како експедиција.

Своите кучиња мора да ги облече во парчиња кои ќе ги направат видливи во мракот. Тоа подразбира ремчиња со висока видливост и градници во светли бои.

Бломдал не може да оди никаде, а на себе да не стави неколку слоја облека. Но, тоа што зачудило многумина е фактот дека својот дом го напушта вооружена со пушка.

Објаснила дека ја носи како заштита од поларни мечки. Дури тогаш нејзините гледачи сфатиле дека нејзиното секојдневие дефинитивно многу се разликува од просечното.

"Пушка? Поларни мечки? Жал ми е", искоментирало едно лице.

Погледнете што значи да го изведете кучето на прошетка во вакви услови.

@sejsejlija

Svalbard lifeee #meanwhileinthenordics #northernnorway #tiktoknorge #tiktoknorway #fyp #foryou #viral #dogsoftiktok #norway #norge #svalbard

♬ original sound - Cecilia Blomdahl



Спонзорирани линкови

Маркетинг