Се тресе тренерското столче на Зидан, Флорентино Перез веќе го идентификувал можниот наследник

Дерби

21/01/2021

14:48

2.169

Големина на фонт

а а а

Зинедин Зидан влезе во голема резултатска криза со својот Реал Мадрид, а како капак на целата негативна форма дојде и вчерашниот пораз од Алкојано во Купот на кралот.

Медиумите во Шпанија веднаш го растргнаа тренерот на „кралевите“ кој пак по крајот на вчерашниот натпревар и новиот срам кој го претрпе Реал Мадрид даде навистина чудна изјава.

Денеска шпанските медиуми пишуваат дека се подготвува смена на Зинедин Зидан доколку ваквите катастрофални резултати продолжат и во следниот период. Зидан речиси сигурно ќе си замине по крајот на сезоната, но можно е тоа да се случи и сега доколку продолжи негативната серија на Реал Мадрид.

Аргентинските мдиуми пак пишуваат дека прв избор на Флорентино Перез за наследник на Зидан е стратегот кој работи одлично во Ривер Плата, Марсело Гаљардо.

Гаљардо е на клупата на Ривер Плата од 2014 година и од тогаш има освоено многу трофеи со аргентинскиот клуб меѓу кои и две титули во Копа Либертадорес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг