Мијатовиќ со јасен став: Тој не заслужува да биде во првиот тим на Реал Мадрид

Дерби

20/01/2021

17:40

2.958

Големина на фонт

а а а

Поранешната југословенска легенда и некогашен член на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ упати жестоки зборови на адреса на еден играч на „кралскиот клуб“ и му даде совет на Зидан да не го игра во првиот тим.

Станува збор за Еден Азар кој не покажа ама баш ништо по неговото пристигнување од Челси во 2019 година. Тогаш Реал Мадрид му исплати на англискиот клуб 100 милиони евра иако Азар имаше само уште една година од договорот со „сините“, а од раководството на клубот сега веројатно се каат за таквиот трансфер потег.

– Азар не смее да биде во првиот тим, не го заслужува тоа. Но за сето тоа одлучува Зидан и само тој го гледа на тренинзите. Реал Мадрид игра добро и без Еден, -изјави Мијатовиќ за „Ел Ларгеро“.

Оваа сезона Азар мака мачи со повредите и досега има собрано само шест настапи во дресот на Реал Мадрид во Ла Лига на кои успеал да постигне само еден погодок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг