Виолетовата боја е внимателно избрана: Џил Бајден ја започна должноста на прва дама во дипломатски стајлинг со порака

Точка

20/01/2021

16:47

3.694

Големина на фонт

а а а

Новата прва дама на САД можеби засега не изгледа толку многу гламурозно како Меланија Трамп, но секако дека ги бира стајлинзите кои што испраќаат важна порака.

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден во вторникот ја даде последната изјава за јавноста, а потоа со сопругата, новата прва дама на САД, Џил Бајден, се упати во Вашингтон поради свечената инаугурација.


Тој држеше говор за благодарност, а покрај него постојано беше Џил, и тоа во интересен виолетов стајлинг.

Со оглед на тоа што во политиката виолетовата боја важи за симбол на единство, не е ниту чудно што првата дама дипломатски ја избрала токму таа комбинација во која што доминира таа нијанса на боја.


Таа облекла елегантен капут до колена, фустан во истата нијанса, виолетови ракавици, а на лицето имала цветна заштитна маска.

Овие дизајнерски парчиња се со потпис на Џонатан Коен, а тука е и чантата од брендот „Тајлер Елис“.

Џил овој стајлинг го заокружила со „nude“ салонки.


Дали ви се допаѓа?



Спонзорирани линкови

Маркетинг