Запознајте го EQA - новиот електричен автомобил на Mercedes

Точка

20/01/2021

16:24

1.000

Големина на фонт

а а а

Германски Mercedes го претстави својот најмал, најпристапен и најнов електричен автомобил.

Mercedes EQA е најмалиот електричен автомобил на оваа компанија откако беше лансирана EQ серијата.

Направен е по примерот на познатиот модел GLA, а како погон користи електричен мотор кој може да испорача 187 коњски сили и 375 Nm максимален обртен момент. Погонот е на предните тркала, а батеријата е литиум-јонска од 66,5 kWh.


Како што беше соопштено од Mercedes, EQA со едно полнење на батериите ќе може да помине 426 километри.


Mercedes EQA има школка која што е практично идентична на GLA, со неколку измени на предната маска, ЛЕД фаровите и задните светла. Кога станува збор за внатрешноста, ICE контролната табла е главниот дел, а по избор можете да имате и два екрани од 10,25 инчи. Регуларната верзија пристигнува со монитори од 7 инчи.

Во Германија цената ќе се движи околу 38,540 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг