Дали Меси ќе добие суспензија од 12 меча?

Макфакс

18/01/2021

21:19

4.363

Големина на фонт

а а а

Правилата на Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) велат дека Лионел Меси може да добие драстична казна од 12 меча суспензија откако го доби првиот црвен картон во дресот на Барселона по бруталниот напад на напаѓачот на Атлетик Билбао, Асиер Виљалибре.

Меси, исфрустриран откако неговиот тим прими гол во 90-тата минута, и потоа во продолжението од финалето на Шпанскиот Суперкуп, го удри Виљалибре без топка, и според РФЕФ ако тој е обвинет за „агресивно однесување“, тогаш може добие казна од 4 до 12 меча. Со 12 меча казна, капитенот би бил отсутен од голем дел од домашниот шампионат. Доколку биде проценето дека инцидентот не е „агресивен“, тогаш казната е од еден до 3 меча.



Спонзорирани линкови

Маркетинг