Беше една од најубавите актерки во Холивуд, а нејзиното лице ги маѓепсуваше сите – денеска малкумина можат да ја препознаат

Точка

15/01/2021

19:20

4.188

Големина на фонт

а а а

Актерската дива Феј Данавеј, вчера го прослави својот 80-ти роденден, а важи за едно од легендарните лица на Холивуд.

Феј ја започнала својата кариера во 60-тите години на минатиот век, а во ѕвездите ја вивнала улогата во филмот „Бони и Клајд“.

Токму улогата на Бони ѝ била животниот пресврт. Интересно е тоа што Феј е една од четирите актерки кои што добиле награда за најдобра, но и за најлоша актерка.


Имено, таа добила Оскар за филмот „Network“, но и Златна Малина за филмот „Mommy Dearest“.

Инаку, таа во текот на кариерата одбивала улоги кои што можеби можеле да ѝ донесат уште некоја награда за Оскар. Па, така таа ја одбила улогата на Сара во филмот „Реквим за еден сон“ и улогата во филмот „Џулија“, а наградите ги добиле актерките Елен Барстин и Џејн Фонда.


Таткото на оваа акатерка бил воено лице, па таа своето детство го поминала во константно преселување низ Америка и Европа.

Феј двапати се венчала, а ниту еден од двата брака не траел долго. Првиот сопруг ѝ бил музичарот Питер Вулф, а во брак биле од 1974-та до 1979-та година.

Нејзиниот втор сопруг бил фотографот Тери О’Нил, а со него го добила и своето единствено дете. Во брак биле од 1983-та до 1987-та година.

Феј низ годините драстично се менувала, па денеска малкумина можат да ја препознаат поради тоа што многу рано почнала да оди на пластични операции кои што и тоа како се видливи на нејзиното лице.




Спонзорирани линкови

Маркетинг