Нов скандал го тресе Холивуд: Славниот актер обвинет за канибализам, „испливаа“ морничави пораки кои ги испраќал

Точка

15/01/2021

13:53

4.859

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Арми Хамер е обвинет за канибализам откако во јавноста се појавија низа пораки кои наводно им ги испраќал на жени.

„Јас сум 100 проценти канибал. Сакам да те изедам“, гласи една од пораките. Во друга размена на пораки пишува: „Морам да ја испијам твојата крв“ и „Ќе бидам многу „лош“ со тебе“. 

Во други пораки, Арми ѝ се обраќа на жената со „робинка“ и ѝ вели дека сака „да ѝ го отсече ножниот прст“, но и изразува желба за доминација над неа.


„Ти живееш само за да ми се покориш и да бидеш моја робинка. Би ти исекол ножен прст и би го чувал во џеб, така што секогаш ќе имам дел од тебе во своја сопственост“, пишува во една од пораките.

Арми, кој глумеше во низа хит филмови како „The Social Network“, „Call Me By Your Name“ и „Rebecca“ се уште не се огласил по повод ваквите контроверзии.

Наводните пораки од 34-годишниот актер не се верификувани, што наведе многумина да претпоставуваат дека би можеле да бидат лажни. Меѓутоа, жената која го обвинила Хамер дека ѝ испраќал пораки со сексуален канибализам тврди дека има докази дека пораките се од него, а не од некој друг.

Анонимна корисничка споделила фотографија за која наведува дека ѝ ја испратил Арми, а која прикажува тетоважа на раката слична на неговата. Се чини дека фотографијата е испратена од Инстаграм профилот на актерот, истиот од кој жената ги добивала контроверзните пораки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг